Технолошкиот гигант Microsoft запира со поддршката на Windows Phone 8.1 повеќе од три години откако компанијата за прв пат го претстави ажурирањето.

Одлуката одбележува крај на ерата на Windows Phone и милионите уреди кои се уште го користат овој оперативен систем. Додека некои прифатиле дека смртта на Windows Phone се случила пред повеќе од една година, AdDuplex проценува дека речиси 80% од сите телефони, кои работат под Windows, се уште користат Windows Phone 7, Windows Phone 8 или Windows Phone 8.1.

Сите овие уреди веќе официјално не се поддржуваат и само 20% од сите телефони со Windows работат со најновиот оперативен систем Windows 10 Mobile.

Windows Phone 8.1 беше голема надградба на оперативниот систем Windows Phone 8 и го вклучуваше дигиталниот асистент на компанијата Cortana. Тоа беше еден од најголемите напори на Microsoft поврзан со нејзината работа по Windows Phone, но не успеа да се натпреварува со Android и iOS.

Додека Microsoft се уште го поддржува Windows 10 Mobile, не е јасно каква ќе биде таа поддршка во иднина. Некои гласини покажуваат дека Microsoft го приковал вниманието во Windows Mobile, кој едноставно ќе го поддржува оперативниот систем, додека заврши во 2018 година.

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа