Најновата надградба на мобилната апликација на Whatsapp ја отклучува можноста за испраќање на било какви датотеки. Досега во апликацијата можеа да се испраќаат само .pdf датотеки.

Споделените датотеки се ограничени до 100MB, но iOS корисниците ќе можат да испраќаат малку поголеми фајлови.

WhatsApp исто така ќе престане да ги компресира вашите фотографии, што ќе овозможи тие да одат кај примателот со оригиналниот квалитет.

Најновата надградба можете да ја преземете од Google Play Store и App Store.

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа