Компанијата LG достави покани за прес-конференција, која ќе се одржи на 31 август и на која ќе биде промовиран новиот LG V30. Самата покана не го содржи името V30, но се користи за илустрација телефон кој ја покажува буквата „V“ на екран - пишува Еngadget.

Се очекува настанот да се одржи на 31 август во Берлин, Германија. Традиционалниот настан IFA 2017 ќе започне само неколку дена потоа.

Според гласините, LG ќе се откаже од вториот дисплеј со оваа генерација на паметни телефони од серијата „V“. Не е јасно што е причината за тоа најблаго кажано необична солуција, сепак главната карактеристика на V смартфоните беше токму присуството на втор екран.

Новиот предводник на LG Electronics ќе се нуди во вкупно три варијанти. Се очекува V30 да конкурира на Samsung Galaxy Note 8 и iPhone 8 на Apple, кои излегуваат во август и септември.

Смартфонот ќе има уште потенки рамки околу екранот, OLED дисплеј, Qualcomm Snapdragon 835 чипсет и 6 GB на RAM меморија.

Трите варијанти ќе се разликуваат по вградената меморија, откако корисниците ќе можат да избираат меѓу 32/64/128 GB вградена меморија. Според извори од индустријата сепак, LG може да додаде интересни карактеристики во трите модела.

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа