Vip

Како што Samsung се подготвува на 23-ти август во Њујорк конечно да го претстави новиот Galaxy Note 8, така во меѓувреме испливуваат се повеќе информации околу спецификациите на овој уред.

Први вистински фотографии на Galaxy Note 8 на Samsung и неговиот S Pen

Уредот ќе биде достапен во црна, златна, сива и сина боја, цената ќе изнесува околу илјада евра, а неговата продажба ќе стартува во септември.

Телото на уредот ќе го поседува сертификатот "IP68", што значи дека Galaxy Note 8 ќе биде отпорен на вода и прашина. Секако, неговиот изглед неодоливо потсетува на најновите Galaxy S8 и Galaxy S8 Plus, што е и очекувано, а разликите се видливи во некои детали како што се „аголните“ рабови на 6,3-инчниот AMOLED дисплеј со димензии 162.5mm x 74.6mm x 8.5mm.

Galaxy Note 8 ќе работи со најмоќниот Snapdragon 835 во Соединетите Американски Држави и Exynos 8895 чипсетот во остатокот од светот, ќе располага со 6 GB RAM и 8 GB RAM меморија кај помоќните модели, како и со најмалку 64 GB интерна меморија со опција за проширување со microSD мемориска картичка.

Galaxy Note 8 ќе има две задни камери, и двете ќе бидат опремени со сензори од 12 мегапиксели. Широкоаголната камера ќе поседува отвор на бленда од f 1.7 и дуалпикселен автофокус, а телефото камерата ќе има f 2.4 бленда и 2х оптички зум. И двата сензори ќе бидат со оптичка стабилизација, а предната камера ќе доаѓа со 8 мегапиксели.

Исто така, новиот Galaxy Note 8 ќе може да се пофали со „најмодерната“ батерија со капацитет од 3,300 mAh која ќе има способност за брзо полнење преку USB Type-C.

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila