Пред неполна недела компанијата Samsung пушти на YouTube краток рекламен клип кој нагласува на квалитетот на нивните дисплеи и содржи говори на различни популарни онлајн лица кои ја фалат сликата на Galaxy S8 и Note 8.

Видеото се појави токму во моментот кога кризата со екранот на Pixel 2 XL е во полн замав и Google речиси секојдневно даваат објаснувања на лути корисници и дури ја зголемија за 1 година гаранцијата на своите уреди.

Како што е познато, OLED дисплеите на Pixel 2 XL се произведени од LG и Samsung веднаш го употребија случајот, за да истакнат дека се уште се лидери во производството на такви компоненти.

Компанијата обезбедува панели и за очекуваниот со голем интерес iPhone X.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа