По успехот на евтиниот iPhone SE, кој го привлече вниманието како на развиените, така и на пазарите во развој, Apple подготвува нова верзија на евтиниот смартфон – iPhone SE 2.

Таа е наменета за љубителите на помалите дисплеи и кои сакаат поевтин iPhone, особено корисниците во земјите во развој, кои не можат да си дозволат скапи уреди на Apple. IPhone SE 2 ќе чини околу 450 долари и ќе има 4-инчен екран, многу помал од 4.7-инчниот дисплеј на iPhone 7 и iPhone 8.

Цената на сегашниот модел започнува од 349 долари, што е за 200 долари поевтина од следниот најприфатлив смартфон на Apple – iPhone 7.

iPhone SE 2 пак ќе чини околу 450 долари, поскап од својот претходник, но и поевтин од iPhone 7. Веројатно смартфонот ќе има помоќен процесор за стартување на новиот оперативен систем на Apple – iOS 11. Уредот најверојатно ќе има ист 4-инчен екран како iPhone SE, но ќе има
функцијата за препознавање на отпечатоци. Најверојатно ќе биде достапен во 2 верзии – 32GB и 128GB.

Технолошката компанија Wistron од Тајван најверојатно ќе учествува во неговото производство, а монтажата ќе се одржи во Бангалор, Индија. Поради својот огромен потенцијал, Индија ќе се користи како производствена база за извоз на мобилни телефони на Apple низ целиот свет.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium