Vip

Актуелно на пазарот е да се понудат Android уреди кои ќе вклучуваат технологија за препознавање на лицето како онаа во iPhone X. Информација на „DigiTimes“ откри дека по такви уреди работат компании како Huawei, Oppo и Xiaomi и веќе имаме повеќе детали околу технологијата на Huawei.

Таа беше откриена за време на премиерата на Honor V10 пред неколку дена, но системот ќе се појави во реалниот свет следната година.

Според информациите, станува збор за сензор кој ќе користи ласер за обезбедување на структурирана светлина, која потоа помага за создавање на три-димензионална мапа на лицето.

Системот работи со резолуција од 1280×800 пиксели и може да создаде модел со 300.000 точки за 10 секунди. Технологијата може да најде место за отклучување на телефонот преку препознавање на лицето што се случува за 400 милисекунди, и за создавање на анимирани емоџи со изразот на корисникот.

Компанијата исто така ја демонстрира можноста за скенирање на мали предмети на телефонот за создавање нивни 3D модели. Сè уште не знаеме кога ќе ги видиме производите со развојот, но се надеваме дека нема да мораме долго да чекаме.

Дали ќе ја видиме во следниот предводник во серијата P? Се надеваме дека ќе дознаеме во февруари кога ќе се одржи светскиот мобилен конгрес.

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila