3D сензорите масовно ќе ги заменат сегашните сензори за отпечатоци почнувајќи од следната година. Ваква е прогнозата на тајванското онлајн издание DigiTimes, кое се базира на индустриски извори.

Се очекува Huawei, Xiaomi и Oppo да понудат такви решенија во своите модели од високата класа уште во 2018-та.

Голем проблем во случајот е дека малку компании располагаат со научниот ресурс сами да развијат технологија од типот на Face ID. Токму поради тоа од DigiTimes прогнозираат дека компаниите ќе бараат подготвени интегрирани решенија, за да можат да не заостануваат премногу од луѓето на Тим Кук.

Веќе стана јасно дека Qualcomm развиваат, заедно со Himax Technologies и Truly Opto-electronics, слични решенија, кои ќе можат да се користат од страна на сите заинтересирани.

Според информациите на DigiTimes, Qualcomm ги обезбедува алгоритмите, Himax се одговорни за оптиката, NIR за сензорите и проектор, додека Truly Opto ќе го обезбеди составувањето на готовите модули.

Се шпекулира дека компании како Oppo и Xiaomi веќе го тестирале предложениот развој и наскоро ќе го воведат во употреба во своите телефони. Се верува дека Largan Precision, главниот добавувач на модули за камера на Apple, исто така, е вклучен во создавањето такви сензори.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium