Како и останатите уреди во вашиот дом, така и мобилните телефони заслужуваат внимателно однесување ако сакате да ги користите максимално долго време.

Ви ги предлагаме да ги проследите следните неколку едноставни правила, со цел да го продолжите животот на вашата нова „играчка“.

1. Правилно наполнете го уредот

Доколку вашиот телефон има вградена батерија, таа ќе биде прва што ќе ви донесе грижи. Постојат неколку работи кои можат да бидат корисни кога сакате да го извлечете максимумот од вашиот паметен телефон, таблет уред или лаптоп.

Не го чувајте уредот во услови на висока или ниска температура. Ако забележите дека телефонот е загреан, оставете го да се олади. Инаку, перформансите на батеријата драстично ќе се намалат.

Повеќето производители и експерти советуваат да не го полните уредот долго или да го оставате вклучен во електричната мрежа. На пример, во текот на ноќта. Покрај тоа, препорачливо е да не ја „цедите“ батеријата на телефонот до 0%.

2. Не заборавајте за ажурирањата

Инсталирајте ги сите ажурирања што се достапни, дури и ако не ви се допаѓаат функциите што ги додаваат. Ажурирањето на програмите обично корегира многу грешки, ја подобрува стабилноста на работата и безбедноста.

3. Штедете меморија

Дефицитот на меморијата на вашиот компјутер или паметен телефон може да предизвика голем број проблеми. Не заборавајте да заштедите простор.

Облачни услуги како што се OneDrive на Windows, iCloud на macOS и iOS, Google Drive, Dropbox ќе ви помогнат во тоа.

4. Заштитете го уредот од нечистотија и удари

Доколку не сте го исчистиле вашиот телефон или друг уред, време е да научите. На тој начин, се зголемува периодот на користење.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium