Малверот Skygofree еволуира уште од 2014 година и денес користи методи на шпионирање што многумина не знаеле дека постојат. Овој малвер се населува во телефонот на корисникот преку лажна веб-страница и потоа го користи како центар за шпионирање.

Skygofree може да го вклучи микрофонот и да снима звуци на точно дефинирани локации, тој го следи сообраќајот на безжичните мрежи и, секако, може да ја пушти камератa кога сака.

Како и кај сите малвери до денес, неговото избегнување е релативно едноставно - двапати проверувајте ги веб-страниците во линковите и гледајте тие да се официјални, пишува Касперски на својот блог.

banerIscelitelMilenium