Сателитот на НАСА, LRO кој орбитира околу Месечината забележа огромна дупка на површината, а научниците проценуваат дека е длабока преку 100 метри.

LRO не е прв сателит кој открил слични дупки, но научниците во НАСА истакнуваат дека оваа дупка можеби е погодна за градење на база на Месечината. Клучно е да се истражи дали оваа дупка, односно пештера пружа доволно засолниште од космичкото зрачење и метеорите.

НАСА сними пештера длабока 100 метри на Месечината

 „Ако се потврди дека Месечината има одреден број на пештери кои пружаат делумна заштита против радијацијата и метеорите, можеби би можело Месечината да стане многу поинтересна дестинација отколку што претходно се мислеше“ - заклучува рускиот космонаут ветеран, Сергеј Крикалев кој зад себе има две различни вселенски мисии и има летано со сега пензионираниот спејс шатл.

На фотографијата е прикажана пештерата снимена од LRO во областа позната како „Мирно море“. Освен оваа, LRO снимил и уште неколку помали, а научниците ги проучуваат фотографиите за да дознаат дали постои подземен систем на канали од лава, која некогаш можеби се движела под површината на Месечината.

„Ова ново откритие би можело да биде значајно во планирањето за изградба на база на Месечината. Не би морале да ја дупчиме површината, да градиме ѕидови и кровови. Доволно би било да се користи модул на надувување“ - истакнува Крикалев.

И.К | бркај работа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

zeljko-samardzic-ohrid

milenium-baner