
Сателитот Clean Space One кој вреди 11 милиони долари го гради Швајцарскиот вселенски центар. Ќе биде лансиран за три до пет годни, а првата задача ќе му биде да се „ослободи“ од два швајцарски сателити лансирами во 2009 и во 2010 година.

НАСА следи повеќе од 500.000 парчиња различен отпад (остатоци од ракети, расипани сателити и останати ситни делови) кои патуваат околу Земјата со брзина од речиси од 30.000 километри на час. Секако, сè што се движи со таква брзина може да ги оштети останатите сателити кои орбитираат околу нашата планета и да го загрози животот на астронаутите кои престојуваат на Меѓународната вселенска станица.

Научниците велт дека со конструирањето на сателитот развиваат технологија која ќе се занимава со три кучни проблеми. Првиот е траекторијата, бидејќи сателитот ќе мора да може да се прилаоди на траекторијата на својата потенцијална мета, а за тоа мора да се развијат посебни нови и мали мотори.

Потоа, сателитот ќе мора при големи брзини да го фати предметот, а за тоа научниците проучуваат како некои растенија и животни го фаќааат својот плен. Конечно, сателитот мора фатениот предмет да го фрли во атмосферата каде што ќе изгори целосно.
Ние се надеваме дека швајцарските научници ќе успеат во својата намера, бидејќи сега орбитата е преполна со вселенско ѓубре и наликува на вистинска депонија.
И.К | бркај работа
