gototop

Во нашиот Сончев систем денот трае најдолго на Венера, а последните мерења кои ги објави Европската вселенска агенција укажуваат дека ротацијата на Венера забавила.

Венера се изморила? Ротацијата забавила за 6,5 минути

Сондата Магелан во 1990 година измерила дека една ротација на Венера трае 243,0185 Земјини ротации. Но, новите мерeњa направени од Venus Express, кој орбитира околу венера од 2006 година, покажуваат дека сега еден ден на оваа планета трае 6,5 минути пократко.

Иако тоа звучи малку, сепак значи дека некои делови од планетата се наоѓаат подалеку, што може да претставува проблем за следните мисии на Венера, бидејќи за таков потфат потребни се многу прецизни мерења.

Причините за забавувањето не се сосема јасни, научниците сметаат дека временските услови би можеле да бидат една од причините, како што на Земјата плимата и осеката имаат мало влијание на траењето на денот. Исто така, можна причина е и влијанието на гравитацијата меѓу Земјата и Венера. Но, исто така е можно е Магелан едноставно да ја анализирал Венера во време на побрза ротација, бидејќи новите податоци одговараат на мерењата направени од Земјата.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email