
Иако вртлогот изгледа застрашувачки, не постои опасност за бродскиот сообраќај или за морскиот живот. Напротив, вртлогот е корисен за развој на животот, бидејќи ги извлекува хранливите состојки од длабочините на површината.

Морските невремиња кои изгледаат како вртлози настануваат во длабочините, а се верува дека овој вртлог се одвоил од морската струја која тече долж југоистокот на Африка и околу р’тот. Подводните невремиња кои настануваат во оваа област се меѓу најголемите на светот и можат да пренесат топла вода од индискиот океан во јужниот Атлантик - пишува Дејли Мејл.
И.К | бркај работа
