Астрономите детектираа радио сигнал во облик на краток, остар импулс кој дошол од засега непознат извор, од оддалеченост од 5.5 милијарди светлосни години. Станува збор за историска мистерија за научниците ширум светот кои се трудат да ја објаснат.

Не е познато од каде доаѓа сигналот, но се претпоставува дека би можело да се работи за црна дупка која исчезнува, неутронска ѕвезда, па дури и сигнал кој го произведуваат интелигентни суштества.

Неодамна беа детектирани шест нови импулси кои доаѓаат надвор од нашата галаксија, а седмиот импулс е уловен со помош на телескопот "Аресибо" во Порторико.

- Ние сме првите кои го детектираа сигналот во реално време. Импулсите секој пат пред нас беа пронаоѓани дополнително, односно многу подоцна отколку што реално се случиле - вели докторката Емили Петроф од Универзитетот во Свинбурн.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа