На почетокот научниите се сомневале дека станува збор за руски сателит, но во тоа време ниту една земја во светот немала технологија со која би можела да лансира такво летало во Земјината орбита. Првиот сателит во орбитата, направен од човекот, е „Спутник“, лансиран во 1957 година, додека првите извештаи за постоење на „Црниот витез“, потекнуваат од 1954 година.

Пилоти на американската воена авијација во  повеќепати алармирале дека забележале два непознати летачки објекта, односно сателити, кога официјално ниту една од земјите немала технологија да лансира такво летало.

Овој неидентификуван летачки објект ги загреа медиумите, кои почнаа сè повеќе да ја пропагираат тезата дека се работи за некој вонземски објект.  НАСА во неколку наврати го фотографираше таканаречениот „Црн витез“, за да ја анализира неговата големина и форма.

Неидентификуваниот објект тежи околу десет тони. Тоа уште повеќе ги подгреа сомнежите, зашто во времето кога е откриен технологијата не била толку развиена за некој да може да лансира објект со толкава тежина во орбитата.

Рускиот „Спутник“, на пример, тежеше само 83 килограми, а беше во форма на топка со дијаметар од 58 сантиметри.

Иако „Црниот витез“ не емитувал ништо друго, освен чудни, нејасни сигнали, нешто невообичаено се случило во 1963 година. Астронаутот Гордон Купер изјавил дека додека бил на истражување забележал светлечки зелен објект како кружи околу земјата и се се доближува до неговата капсула.

Случајот го пријавил во НАСА, но оттаму му забраниле да дава какви било изјави во јавноста во врска со настанот. За кратко време излегле и со официјално соопштение дека астронаутот поради големата висина на која се наоѓал халуцинирал.

Мистеријата за „Црниот витез“ е омилена кај љубителите на теориите на заговори. Се тврди дека тој сè уште кружи над Земјата, но за него, наводно не смее никој од астронаутите да зборува.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа