Топењето на ледниците предизвикано од зголемувањето на глобалните температури го забавува ротирањето на Земјата, што би можело да укаже на уште една последица од глобалните климатски промени - објавија американските научници во стручното списание Science Advances.

Научниците веруваат дека движечката сила којашто стои зад забавувањето на ротацијата на Земјата, регистрирана со помош на сателитите и астрономските мерења, е глобалното зголемување на нивото на морињата, што, пак, е последица на топењето на глечерите.

- Ледниците се на северните географски широчини и кога се топат водата од тие широчини се движи кон јужните географски широчини, и тоа, како кал лизгачот кој ги шири рацете од своето тело, влијае на забавувањето на земјината ротација - тврди геофизичарот од универзитетот Харвард, Џери Митровика.

Движењето на мразот и водата настаната со топењето, исто така, доведува до благи промени во земјината оска, односно до придвижување на Северниот пол.

Научниците ги проучувале промените во ротацијата на Земјата во заднината на глобалното зголемување на нивото на морињата во XX век, како резултат на порастот на глобалните температури.

- Топењето на ледените плочи и зголемувањето на нивото на морињата ја изместило оската на Земјата, односно Северниот пол со темпо помало од сантиметар годишно - вели американскиот научник. Тоа топење ја забавило ротацијата на планетата и о зголемило траењето на денот за илјадатинка од секундата во текот на XX век, додава Митровика. Според него, „тоа се мали ефекти“, но тие покажуваат колку е моќно влијанието на климатските промени предизвикани од човекот врз планетата.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа