Макс Логан е 13-годишно дете кое конструираше уред кој создава бесплатна енергија а јавноста детето го споредува со големиот визионер Никола Теска и го нарекува негов наследник.

Неговиот изум потсетува на калемите на Тесла и работи по истиот принцип што овој научник одамна го опиша. Она што посебно го истакнува овој уред е фактот дека е многу едноставен. ја собира електромагнетната енергија од Земјината атмосфера и ја претвора во струја која може да служи за напојување на електрични уреди.

Макс овој изум го осмисли во работилницата на неговиот татко кој ја претвори во своја лична лабораторија, со материјали кои ги купил за само 15 долари и докажа дека неговиот уред може да напојува ЛЕД светла.

Детето од конзерва за кафе, жици, два калеми и лажици направило електромагнетен собирач на енергија кој може да индуцира радиобранови, термална и статичка енергија и сето тоа да го претвори во употреблива електрична енергија.

- Оваа лажица ја зема енергијата од воздухот и внатре во конзервата за кафе таа струја може да се претвори во наизменична или еднонасочна, објаснува малиот генијалец.

На Макс му е многу чудно што некои од пронајдоците на Тесла им требало долги 75 години да стигнат до медиумите.

- Мојата цел беше да му помогнам на светот. Сакам да изградам иднина во која сите луѓе ќе бидат среќни и сигурни, вели Макс.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа