Инжинери на универзитетот МИТ трансформирале лситови од спанаќ во машини за откривање на бомби, преку кои безжично може да се испраќаат предупредувачки сигнали до рачен уред сличен на паметен телефон. 

bomba09

Имено, тие ги вградиле листовите од растението со јаглеродни наноцевки со чија помош можат да детектираат хемиски состојки кои се користат во мини и други експлозиви. Кога една од овие состојки ќе се апсорбираат од растението по природен пат, вградените наноцевки емитуваат флуоресцентен сигнал кој може да биде прочитан со инфрацрвена камера. Камерата може да биде прикачена на мал компјутер сличен на смартфон, кој потоа испраќа мејл на корисникот.

Истражувањето е предводено од Мин Хао Вонг, дипломиран студент на МИТ и Хуан Пабло Гиралдо, асистент професор на Уноверзитетот Калифорнија во Риверсајд и е објавено во „Nature Materials“.

banerIscelitelMilenium