Метеор со експлозивна сила од десет крстаречки ракети удрил во Месечината и предизвикал огромна експлозија која можела да се види со голо око.

Штетата од ударот била огромна и предизвикала експлозија со светлина на четири ѕвезди. Доколку паднал на град на Земјата, ќе направел кратер длабок 20 метри и зона на уништување, а јачината на ударот би била како наеднаш да удриле 10 ракети "Tomahawk".

Експертите стравуваат дека бројот на жртви би се мерел во илјади.

Земјата, за разлика од Месечината, има атмосфера која ја штити и во која согоруваат повеќето космички остатоци. Меѓутоа, поголемите метеори понекогаш се пробиваат, како што се случило неодамна во Чељабинск во Русија, каде астероид со должина од 20 метри, со брзина од 70.000 километри на час се пробил во атмосферата и експлодирал со јачина на 33 атомски бомби како таа во Хирошима.

За среќа, благодарение на брзината и аголот на влезот, карпата експлодирала додека била во воздухот, но повторно биле оштетени 7.200 згради и 1.500 луѓе се здобиле со повреди доволно сериозни за да посетат лекар.

НАСА е толку загрижена поради можноста дека удар на астериод може да го уништи целиот живот на Земјата, па ја започнала првата фаза од проектирањето на вселенското летало "DART", кое има за цел да го пренасочи патот на астероидот. На тој проект НАСА соработува со Евроспката вселенска агенција. Експертите се надеваат дека до 2022. година ќе ги изведат првите вселенски проби. 

"DART" би бил прва мисија на НАСА која би го демонстрирала тоа што се вика техника на кинетички удар, удирање на астероид за да ја промени орбитата, со цел одбрана од можен удар на астероид во иднината - вели Линдли Џонсон, задолжена за одбрана на планетата во штабот на НАСА во Вашингтон.

zeljko-samardzic-ohrid

milenium-baner