Vip

Тим истражувачи од Универзитетот МИТ во САД создадоа  мастило за тетовирање кое ја менува бојата во зависност од нивоата на глукоза и pH вредностите во телото.

Проектот „Дермален Амбис“ е резултат на соработка помеѓу МИТ и група студенти. Во надеж дека ќе успеат да го направат човечкото тело „интерактивен дисплеј“, тие развија метода за замена на традиционалните мастила за тетовирање со биосензори кои ја менуваат бојата како резултат на промени во крвотокот.

- Развивме четири биосензори, кои реагираат на три различни биохемиски информации во телесните течности и менуваат боја - вели тимот научници.

- Ph сензорот се менува помеѓу виолетова и розова боја, сензорот за глукоза се менува помеѓу сина и кафеава, сензорот за натриум, и вториот Ph сензор се флуоросцентни и се забележуваат со зголемен интензитет под УВ светло - додаваат тие.

Иако се уште е во фаза на тестирање, односно течноста е инјектирана засега само во кожа на свиња, сепак научниците веруваат дека во иднина мастилото може да се користи како медицинска алатка.

На пример, пациентите кои се дијабетичари ќе можат да го проверуваат нивото на шеќерот во крвта без секојдневното боцкање, туку едноставно преку забележување на промена на бојата на биосензорната тетоважа.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila