Астрономите открија огромна нова планета, која веднаш го доби епитетот планета „Монструм“, 13.4 пати поголема од Јупитер, која кружи околу ѕвездите сместени во Млечниот пат.

Планетата X го добива името секоја новооткриена планета која се уште официјално нема добиено име.

Новооткриената планета моментално го носи називот OGLE-2016-BLG-1190Lb и ги зголеми сомневањата на оние кои веруваа дека Нибир, огромна планета во нашиот Сончев систем, ќе се судри со Земјата и ќе уништи се што постои на неа.

Според ова верувања, постои и мини Сончев Систем во кој се наоѓа сонцето, планетите и Месечината, сместан на работ на нашиот соларен систем, па сметаат дека планетата би можела да предизвика големи земјотреси и вулкански ерупиции и дека покрај Земјата би можела да помине во периодот меѓу 20 ноември и 20 декември.

Тим на научници од Јужна Кореја го изнесе својот став околу новото откритие. Според нив, планетата е толку голема, што дури постои шанса всушност да се работи за џуџеста ѕвезда.

Своето Сонце го заобиколува за три години, а оддалечена е 22.000 светлосни години од Земјата.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа