Vip

Мистериозни експлозии се забележани на 6 различни места ширум светот, а дури ни НАСА нема објаснување за истите. Застрашувачките звуци се забележани низ целата планета, од Блискиот Исток до Англија оваа година, како и во Австралија, а повеќето од локациите се наоѓаат на источниот брег на САД.

Последниот одек се појавил оваа недела и ги преплашил жителите на американската држава Алабама. Полицијата вели дека е известена за овој сомнителен звук кој бил опишан како “гласен одек” околу 9 часот во понеделникот.

Како што изјавила полицијата, се чини дека одекот доаѓал од северозападната страна на Локбјуи, меѓутоа тие сè уште не можат да одредат што ја предизвикало мистериозната бука.

Поединечни експерти велат дека причините можат да варираат од суперсонични летала до метеори кои експлодирале во атмосферата. На 10-ти октомври бил забележан сличен звук и во градот Каирн, а две недели подоцна се слушнал уште еден одек на полуостровот Ејр на југот на Австралија, во истовреме кога син метеор поминал на небото. 

Во меѓувреме жителите на Алабама го опишале последниот мистериозен настан, а еден од жителите го опишал како “неверојатно гласен звук кој ја потресол целата куќа”.

pukanja2911

Националната служба за временски услови во Бирминген, Алабама изјавила дека звукот би можел да потекнува од соничниот звук на леталата или метеоритите.

НАСА продолжува да ги анализира новите податоци со надеж дека ќе ја одредат причината за овој мистериозен звук.

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila