gototop
Научниите тврдат дека селективното сеќавање навистина постои и луѓето можат да го тренираат својот мозок да ги избрише засрамувачките моменти.

Тренирајте го мозокот да ги избрише срамните сеќавања

Потиснувањето на лошите сеќавања доволно долго може да доведе до вистинско заборавање на истите - велат истражувачите. Тие употребиле EEG скенер за да ги следат деловите од мозокот кои се активираат кога волонтерите се труделе да заборават нешто.

Така успеале да го „фатат“ точниот момент кога сеќавањето е „заборавено“ и токму затоа тврдат дека долготрајното потиснување на одреден спомен е делотворен начин на трајно бришење на истото.

Тимот од Универзитетот Лунд во Шведска вели дека усовршувањето на техниката може да биде корисно за луѓето кои страдаат од депресија или пост трауматски стрес, при што постојаното преживување на траумтските сеќавања има страшен ефект врз менталното здравје.

Водачот на истражувањето, Герд Валдхаусер вели: „Знаеме дека заборавените или потиснатите чувства лесто се манифестираат како психолошки реакции. Нашите доброволци беа тренирани да забораваат неутрални информации во контролирана лабараториска околина. Тренингот за заборавање на трауматичен настан ќе биде многу покомплицирано“.

„Нашето истражување не покажа само дека можеме намерно да ги забораваме нештата. Со помош на EEG скенирање, успеавме да го „фатиме“ точниот момент кога се влијае врз сеќавањето. Колку почесто одредена информација се потиснува, толку е потешко да се дојде до неа подоцна“ - додава тој. 

И.К | бркај работа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

Додај коментар


Мачор во чвор
kolumni

Игри

Следете нè на

facebook
twitter youtube rss
email