Vip
george-carlin-compilationОваа секција во којашто во моментов ги читате овие зборови, беше замислена како катче за интелектуалната маса којашто одвреме-навреме ќе го прифати нашиот предлог да изгледа по некој добар документарец.

Сепак, денес ви нудиме нешто поинакво. Не се работи за никаков документарец, туку за компилација на најдобрите моменти на комичарот Џорџ Карлин којшто почина во 2008-та година. Дали напишавме комичарот? Сакавме да кажеме генијот, којшто очигледните нешта ги кажуваше на свој сопствен начин и тоа изгледаше исклучително забавно и смешно за неговата публика.

Се надеваме дека ќе се насмеете и вие, но исто така и ќе ги разгледате неговите размислувања од еден поинаков агол, ќе ги прифатите како позитивна критика на општеството и ќе го ислушате Џорџ како еден од модерните филозофи, којшто својата ука ја пренесуваше на еден поинаков начин. Можеби не стандарден за филозофите коишто ги познаваме, но дефинитвно забавен и прекрасен начин. Уживајте.

 

В.Н. | бркајработа

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila