Сигурно сите барем еднаш имате гледано филмов во кој длабоко во вселената  настанува некоја експлозија.  Особено во филмот „Гравитација“ од 2013 година, во кој освен Џорџ Клуни можете да видите оган кој се распространува во вселената.

Прашањето е како огнот се однесува во микрогравитација? Одогворот го даваат научниците од НАСА кои исто така се прашувале со години.

Од 2009 година истражувачите на Меѓународната вселенска станица постојано експериментираат со гаснење на пламенот (FLEX), при што се обидуваат да откријат како пламенот ќе се однесува во вселената и, што е уште поважно, како да го изгаснат.

Имено, штом ќе запалите свеќа пламенот се формира во неговиот класичен облик на солза, заради гравитацијата. Сѐ додека пламенот го троши кислородот топлиот воздух се подига нагоре, а студениот несогорен воздух се спушта на дното. Но, без гравитација нема раздвојување на топол и студен воздух, па пламенот се шири подеднакво во сите насоки што создава бавногоречко согорување.

Интересно е што со помош на експериментот за гаснење на пламенот е откриено дека согорување може да се случи и без појава на видлив пламен. Објаснувањето за овој феномен можете да видите на видеото подолу.

banerIscelitelMilenium