Аурора бореалис е поларна светлина редизвикана од „сончевиот ветар“. На својот пат низ вселената, дел од сончевиот ветар наидува на Земјината магнетосфера, дел од вселената во кој доминира Земјиното магнетно поле.

Силата на Земјината магнетосфера го менува правецот на сончевиот ветар кон Земјините магнетни полови по што поларната светлина се создава кога електроните на сончевиот ветар на висина од 80 до 150 км се судираат со атомите од горниот слој на атмосферата.

Поларната светлина на север се нарекува Аурора бореалис (северна зора), а на југ Аурора аустралис (јужна зора). Името Аурора бореалис потекнува од римската божица на зората Аурора и грчкиот назив за северен ветер Бореас.

 

banerIscelitelMilenium