Иако Никола Тесла не можел да патува од иднината во иднината, меѓутоа неговиот ум бил и тоа како понапред во 1926 година. Всушност, пред речиси 100 години, Тесла го предвидел паметниот телефон.

Неговите пронајдоци отишле подалеку од електричната енергија. Тој ги создал безжичните радио комуникации, турбините, хеликоптерите (иако Да Винчи прв ја добил идејата), флуоресцентните и неонските светла, и многу други пронајдоци. До неговата смрт, Тесла имал речиси 700 патенти.

Со децении, овој амбициозен пронаоѓач ги фасцинирал научниците и истражувачите и е еден од најважните научници во историјата на човештвото кој не е присутен во историските книги. Денешните генерации заслужуваат да знаат за неговата генијалност.

Во интервјуто „When woman is boss“ Никола Тесла го предвиде појавувањето на паметните телефони, уред без кој повеќето од нас не можат да живеат денес.

- Кога безжичната мрежа ќе биде совршено поставена, светот ќе се претвори во еден голем мрежа. Ќе бидеме во можност да комуницираме еден со друг во истиот момент, без оглед на далечината. И не само тоа, туку преку телевизијата и телефонијата ќе можеме да се гледаме и слушаме едни со други толку совршено како да сме лице в лице, и покрај тоа што ќе бидиме на илјадници километри оддалечени... - предвидел Тесла.

banerIscelitelMilenium