Доколку некогаш сте се запрашале зошто на вашиот телефон мора да го вклучите Airplane Mode режимот на работа додека летате со авион, причината е повеќе од оправдана.

Поголемиот дел од луѓето мислат или им е кажано дека активните мобилни телефони ја попречуваат работата на навигационата опрема којашто се наоѓа во авионот.  Но, тоа сепак не е вистинската причина зошто вашиот телефон треба да биде префрлен во Airplane Mode режим.

Главната причина е всушност заштитата против попречувањата на мрежите на мобилните телефони на земјата. Тоа значи дека телефонот во авион на голема височина истворемено би добивал сигнали од повеќе базни станици за мобилна телефонија на земјата што може да доведе до оптеретување на мрежата на земја и со тоа би биле предизвикани и прекини на услугите.

Некои интернационални компании имаат приемници за мобилна телефонија инсталирани на одредени авиони, за патниците на одредени летови по желба да може да ги користат своите мобилни телефони.

Голем број од авионите во денешно време имаат и инсталирана Wi-Fi мрежа за сурфање и испраќање на пораки, но многу компании не дозволуваат гласовна комуникација преку нивната бежична мрежа.

banerIscelitelMilenium