Истражувачи кои што со години бараат одговор за изградбата на пирамидите направија револуционерно откритие кое што ја открива енигмата зад овие структури, кои ги мачат научниците со векови. Зошто има толку многу пирамиди? Зошто сите се со слична форма и големина? И главното прашање, зошто древните цивилизации ги граделе пирамидите?

Др. Владимир Краснохоловетс научник од институтот за Физика во Украина го дал одговорот на сите овие прашања. Тој ги истражува пирамидите веќе една деценија. Неговата работа е од толку голема важност што и Русија учествува во овој проект, така што му изградила на Владимир пирамида од 43 метри за да може да го извршува експериментот.

Најважниот дел од истражувањето е експериментот врз 5000 руски затвореници, кои конзумирале сол и бибер изложени на енергијата во пирамидата. По одреден временски период стапката на насилство и агресија значително се намалила и целокупното однесување на затворениците се подобрило. Исто така им се подбрил и имунолошкиот систем и имало побрза регенерација на ткивото.

Семето кое било складирано во пирамидата на 1 до 5 дена покажувало 30-100% поголем принос на родот за разлика од она семе кое е надвор од нив.

Наскоро по изградбата на пирамидата до езерото Селигер, имало големо подобрување на озонската обвивка во таа област.

Сеизмичките активности во близина на пирамидата биле намалени. Пирамидата која е изградена во јужниот дел на Русија (Башкирија), имала добро влијание и врз нафтата, така што таа станала помалку леплива за 30% и приносот на нафта бил зголемен.

Нивото на радиоактивност кај радиоактивните предмети се намалувало, внатре во пирамидата.

Водата во пирамидата останува замрзната и на - 40 степени Целзиусови, но веднаш се замрзнува доколку малку ја турнете или сакате да ја истурите.

banerIscelitelMilenium