Иако САД, посебно Калифорнија, е горд носител на титулата „најголема технолошката престолнина на светот“, сепак постојат и други региони кои исто така, можат да спорат за лидерското место.

Според податоците од аналитичката компанија CB Insights, во моментов има 108 „еднорози“ – приватни компании вредни повеќе од една милијарда долари во САД, што претставува повеќе од половина такви компании ширум светот.

Сепак, во Европа, технолошката средина, исто така, се чини доста развиена.

Како што покажува инфографикот, базиран на податоци на GP Bullhound, Велика Британија, на пример, може да се пофали со најголема вкупна вредност на „гигантските“ технолошки компании. Благодарение на компании како Deliveroo и Shazam, вкупниот износ достигнува скоро 50 милијарди долари.

chartoftheday 11282 europes s tech start up giants n

Шведска, исто така, функционира добро. Земјата е дом на голем број популарни апликации како Spotify и Skype, а вкупната вредност на големите технолошки компании таму излегува скоро 36 милијарди долари.

Третото место во рангирањето е за Германија. Благодарение на технолошките компании како што се trivago и Xing, вкупната вредност на секторот достигнува над 27 милијарди долари.

banerIscelitelMilenium