Филозофот Роџер Скратон, ни го нуди овој провокативен видео есеј којшто ја обработува важноста на убавината во уметноста и воопшто, во нашите животи.Скратон смета дека во дваесеттиот век, архитектурата, сликарството и музиката и го свртеа грбот на убавината, правејќи култ од грдотијата којшто не однесе во еден вид на спиритуална пустина.
Користејќи мисли од времето на Платон па сè до Кант, и преку разговор со модерните уметници Мајкл Крег-Мартин и Александар Стодарт, Скратон анализира каде уметноста скршна од патот и нуди своја идеја за тоа како да ја вратиме убавината во центарот на нашите животи.
