time-travel-einstenАјнштајновата теорија на релативитетот тврди дека патувањето низ времето е сосема возможно, но само ако се оди напред. За да се оди назад во времето, треба да се пробие границата поставена од брзината на светлината, то ест да се најде начин како да се движиме побрзо од брзината на светлината, што во моментов делува невозможно.

Сепак, со последните откритија каде што некои честички успешно беа телепортирани од едно место на друго, ни дава за право да се надеваме дека набргу сонот за патување низ времето може да стане реалност.

Но, што добиваме и што губиме од здобивањето со таквата слобода? Дали ќе успееме со тоа да ги уништиме стравовите дека повеќе никогаш нема да ги видиме оние коишто сме ги сакале, а починале, или едноставно ќе успееме да бидеме исти како што сме биле низ историјата и огромната одговорност ќе ја прокоцкаме уништувајќи го и самиот универзум?!
Ајнштајн тврдеше дека ништо не се движи побрзо од светлината, но којзнае, како науката оди напред, можеби ќе докаже и дека големиот Алберт Ајнштајн не бил во право.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа