Apple ја тестираше деветата верзија на оперативниот систем за iPhone и iPad уредите па откако новиот ОС ги помина нивните тестови, секој кој има iPhone или iPad може да се пријави и да ја инсталира новата верзија на iOS.

ios.9

После регистрацијата, корисниците кои ќе аплицираат ќе добијат упатство како можат да го инсталираат iOS 9 верзијата која ќе дојде во друштво на Feedback Assistant апликацијата за корисниците да можат да ги репортираат проблемите.

Apple iOS 9 ќе го објави во септември а оваа верзија ќе донесе нова апликација за читање вести, подобрени можности за виртуелниот асистент Siri, но и доста други работи.

Пред да ја инсталирате бета верзијата на ioS 9, важно е да напоменеме дека оваа верзија со сигурност ќе има доста багови и грешки, па Apple советува таа да се инсталира на друг уред, а не на оној кој секојдневно го користите.

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

banerIscelitelMilenium