“Google Chrome“ има вградено игра која веројатно никогаш не сте знаеле дека постои.

Станува збор за едноставна игра со диносаурус која што можете да ја играте тогаш кога ќе немате интернет конекција.

За веднаш да пристапите и да ја испробате T-Rex играта, исклучете ја вашата интернет конекција, обидете се да вчитате некоја интернет страница и почекајте да се појави "Unable to connect to the internet" страницата.

Кога ќе го здогледате диносаурусот, притиснете на копчето "space" на вашата тастатура и играта ќе започне.

giphy

 Правилата се едноставни. Вашиот диносаурус ќе мора да ги скока препреките кои со текот време стануваат сè потешки. 

Би можело да Ве интересира:
Претходно од оваа категорија:

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium