Vip

На сојузниот суд во американската држава Илиноис во Чикаго, била поднесена заедничка тужба на незадоволни корисници на Windows 10.

Тужбата ја поднеле група на незадоволни корисници на Windows кои што од Microsoft бараат 5 милиони долари обесштетување затоа што надградбата на Windows 10 им ги „уништила компјутерите, им биле избришани податоците и биле оневозможени нормално да работат“.

Станува збор за корисници кои што на своите компјутери имале оперативни системи Windows 7, 8 или 8.1, кои што Microsoft „нападно ги надоградил на Windows 10, по што, како што велат тужителите, нивните компјутери станале неупотребливи.

- По три обиди за превземање на Windows 10 оперативниот систем, компјутерот на Хауард Голдберг кој е еден од подносителите на тужбата, престанал да работи. Тој цели шест месеци, секој ден, упорно одбивал да премине на Windows 10, но на крајот надградбата тргнала автоматски и неговиот компјутер станал неупотреблив - се вели во тужбата.

Моментално, оперативниот систем Windows 10 на Microsoft се наоѓа на околу 400 милиони компјутери ширум светот, а доколку биде донесена пресуда во корист на тужителите, многумина сметаат дека голем број на луѓе ќе тргнат по истите стапки и ќе ја тужат компанијата поради „насилното“ инсталирање на Windows 10.

Task-2903

Соопштение пристигна и од Microsoft.

- Windows 10 бесплатната надградба треба на сите корисници да им понуди префрлање на последниот оперативен систем, со сите безбедносни надградби и функционалности. Корисниците имаа можност да не ја изберат бесплатната надградба како опција, а имаа и период од 31 во кој можеа да побараат помош од нашата корисничка служба, или да се вратат на претходниот оперативен систем без губење на податоци. Поради тоа, веруваме дека оваа тужба е неоснована - велат од Microsoft.

banerIscelitelMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila