Instagram ја подобри својата Direct функција па по новата наградба на апликацијата, корисниците ќе можат да испраќаат фотографии кои се самоуништуваат по одредено време. Како и, од претходно познато, да можат да разменуваат видеа и трајни текстуални и графички пораки.

Новиот Direct, очигледно ќе конкурира на функциите на Snapchat. TechCrunch пријави дека акциите на Snap Inc. паднале за речиси 3 отсто утринава откако излезе веста за обновениот Direct.

Instagram има повеќе од 600 милиони корисници, но чат услугата така и не стана „главен“ канал за комуникација, кој ќе ги замени Facebook Messenger, Viber, или WhatsApp. Во најмала рака, Direct не е одвоен од Instagram како самостојна услуга.

Самите корисници на Instagram главно поминуваат време во разгледување и качување слики. Тоа едвај наскоро ќе се промени, а и Instagram не демонстрира желба да станува чат услуга, но сепак подобрувањата и олеснетата комуникација во апликацијата е важно нешто.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium