Сите корисници на BitTorrent во иднина ќе можат да го користитат овој софтвер директно во самиот интернет прелистувач, односно нема да има потреба од негово инсталирање како посебна апликација.

Според најавите на компанијата, начинот на симнување преку торенти кој до денес го знаеме сосема ќе се промени и нема да има потреба на компјутерот да инсталираме одредена апликација и ќе биде сосема доволно да имаме само интернет прелистувач. Се претпоставува дека ќе станува збор за екстензија.

Ова го најави самиот Брем Коен, човекот кој го смисли BitTorrent протоколот. Неговата идеја е uTorrent, наместо како "Stand Alone" апликација, да го користиме преку интернет прелистувачот, а притоа, новиот „облик“ би требало да донесе нов интерфејс, можност за стриминг на содржини и уште некои други опции.

Кога ќе се случи промената не е откриено, пред се поради тоа што Коен и неговата екипа не сакаат да се брзаат. Тие порачаа дека најпрвин сакаат да слушнат што мислат корисниците, а потоа да започнат со најавената трансформација.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium