Windows 10 S е новиот оперативен систем од Microsoft наменет за учениците и студентите. Тој е директен конкурент на Chrome OS и слични на него, може да работи само со апликации достапни во продавницата, соодветна за платформата.

Токму така, сопствениците на лаптоп со Windows 10 S нема да можат да инсталираат од милионите апликации достапни за рачно инсталирање во мрежата. Наместо тоа, секоја апликација од Windows Store ќе биде поддржана и достапна. Со ова дејство Microsoft ги ограничуваат можностите на Windows 10 S но за сметка на тоа ги прават машините со овој оперативен систем многу побезбедни.

Големиот минус тука е дека Microsoft не дозволуваат менување на прелистувачот стандардно кај Windows 10 S. Ќе можете да го инсталирате секој прелистувач, достапен во Windows Store, но оној по default ќе биде Microsoft Edge. Тоа значи дека ако отворате линкови од апликации, пораки или html датотеки, тие ќе се отвораат во Edge. Не е јасно дали Google ќе предложат Chrome во продавницата за апликации на софтверскиот гигант, но дури и да го сторат тоа, тој нема да може да биде избран како стандарден пребарувач.

Покрај сето останато, при Windows 10 S и Microsoft Edge нема да можете да го промените вашиот пребарувач. Ќе мора да го корисите Bing. Прашањето сега е колку корисниците ќе бидат незадоволни од овие ограничувања и дали Microsoft имаат планови да променат некои од овие поставки за поголема слобода на корисниците.

Како и да е секој сопственик на уред со Windows 10 S има слобода да го надгради својот оперативен систем на Windows 10 Pro. Тоа ќе чини 49 долари еднаш и нема да е реверзибилен процес. Windows 10 Pro ќе го отклучи целосниот потенцијал на оперативниот систем, без никакви ограничувања.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium