Изминативе неколку дена голем број на корисници, компании и државни институции во стотина земји низ целиот свет станаа жртва на еден од најголемите сајбер напади спроведени некогаш. Опасниот рансомвер, кој се шири како „црв“, покоси повеќе компјутери кои работат со Windows оперативниот систем.

Уште во првите часови по лансирањето на нападот едно од најпоставуваните прашања на Google е: „Како да се заштитам?“

Од Microsoft пуштија порака, со која потсетуваат дека компанијата уште во март пуштила обнова во безбедноста, што дава дополнителна заштита во случај на потенцијален напад, па ако сте ги инсталирале сите можни надградби на оперативниот систем, тогаш нема да имате имате проблем.

Доколку ја немате инсталирано, надградбата може да ја симнете тука.

Според софтверскиот гигант, корисниците кои го користат бесплатниот антивирус софтвер на Мајкрософт или активирале Windows Update, имаат добро ниво на заштита. Поради овој вирус Microsoft направи и вонредни надградби во безбедноста за Windows XP, Windows 8 и Windows Server 2003, кои можат да се најдат на следниве линкови:

Windows Server 2003 SP2 x64, Windows Server 2003 SP2 x86, Windows XP SP2 x64, Windows XP SP3 x86, Windows XP Embedded SP3 x86, Windows 8 x86, Windows 8 x64

За корисници на Windows Defender компанијата објави дека пуштила посебна надградба која го детектира рансомверот. Него може да го симнете овде.

Освен Microsoft, навремено и многу од компаниите кои се занимаваат со развој на антивирусни програми, исто пуштија линк до ажурирања кои можат да ве спасат од опасниот „WannaCrypt“.

Се појави сепак и вест дека се откриени втора и трета верзија на „WannaCry“ без механизам за стопирање, така што сигурно можеме да очекуваме уште надградби за безбедноста, кои веднаш ќе ги споделиме во нова статија.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium