Кај одредени модели на HP компјутерите кои се продавани од крајот на 2015-та година, испорачани биле и keyloggers кои што бележат што корисниците типкаат на тастатурата и тие податоци ги сместуваат во компјутерот.

hp.laptop16

Имено, проблеми со потенцијално опасниот софтвер пријавиле корисници на компјутери на HP кои биле пуштени во продажба од 2015-та година до денес.

Откриено е дека на компјутерите се наоѓа keylogger кој го бележи секој притисок на копчето на тастатурата, односно запишува се што корисниците пишуваат на тастатурата.

Според информациите на безбедносната компанија ModZero, овој keylogger доаѓа во рамките на аудио драјвер кој е развиен од компанијата Conexant, а тука не станува збор за софтвер кој е намерно инсталиран со цел да се шпионираат корисниците, туку тој треба да го следи притискањето на одредени копчиња кои се користат за управување со аудио функциите.

Проблемот е во тоа што овој софтвер бележи се што корисниците ќе притиснат на тастатурата, што значи дека ги помни корисничките имиња и лозинките од сите кориснички сметки на кои се логирале корисниците.

Иако при секое логирање на компјутерот датотеките со ваквите податоци се бришат, сепак проблем претставува фактот дека со секој бекап на надворешен диск или на „облак“, тие датотеки се префрлаат и се зачувуваат перманетно таму. Значи, корисниците кои што често бекапираат датотеки од своите компјутери на надворешни дискови, таму ги имаат ископирано сите податоци за нивните кориснички сметки, лозинки, мејлови, контакти и слично.

На TheNextWeb корисниците на HP компјутерите ги советуваат да проверат дали ја имаат инсталирано оваа програма (C:WindowsSystem32MicTray64.exe или C:WindowsSystem32MicTray.exe), по што треба да го променат или избришат неговото име - при што најверојатно ќе нема да можат да ја користат тастатурата за управување со аудио командите.

Исто така, се советуваат корисниците да ги избришат C:UsersPublicMicTray.log датотеките ако ги најдат на своите компјутери, затоа што таму е голема веројатноста да се складирани информации за сите лозинки.

Погледнете ја листата на HP уреди кои го поседуваат овој проблем: 

HP EliteBook 820 G3 Notebook PC
   HP EliteBook 828 G3 Notebook PC
   HP EliteBook 840 G3 Notebook PC
   HP EliteBook 848 G3 Notebook PC
   HP EliteBook 850 G3 Notebook PC
   HP ProBook 640 G2 Notebook PC
   HP ProBook 650 G2 Notebook PC
   HP ProBook 645 G2 Notebook PC
   HP ProBook 655 G2 Notebook PC
   HP ProBook 450 G3 Notebook PC
   HP ProBook 430 G3 Notebook PC
   HP ProBook 440 G3 Notebook PC
   HP ProBook 446 G3 Notebook PC
   HP ProBook 470 G3 Notebook PC
   HP ProBook 455 G3 Notebook PC
   HP EliteBook 725 G3 Notebook PC
   HP EliteBook 745 G3 Notebook PC
   HP EliteBook 755 G3 Notebook PC
   HP EliteBook 1030 G1 Notebook PC
   HP ZBook 15u G3 Mobile Workstation
   HP Elite x2 1012 G1 Tablet
   HP Elite x2 1012 G1 with Travel Keyboard
   HP Elite x2 1012 G1 Advanced Keyboard
   HP EliteBook Folio 1040 G3 Notebook PC
   HP ZBook 17 G3 Mobile Workstation
   HP ZBook 15 G3 Mobile Workstation
   HP ZBook Studio G3 Mobile Workstation
   HP EliteBook Folio G1 Notebook PC

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium