Google ја објави првата верзија на Android O со кој компанијата ќе се обиде да обезбеди непречено корисничко искуство со подобрувања во основни области како живот на батеријата и безбедност, кои Google ги опишува како витални функции.

Ќе биде додаден и нов „picture-in-picture“ режим за истовремена работа со две задачи (на пример гледање видео и проверка на календарот), а освен тоа ќе видиме подобрувања при селектрирањето на текст – во овој случај системот се потпира на машинско учење, за да ја препознае содржината на екранот и да предложи соодветни мерки ако открие адреса, URL или телефон. Покрај тоа, ќе може да селектирате специјална содржина со двоен допир на екранот, наместо да се борите со алатките за селекција.

 Иконите веќе ќе покажуваат дали во соодветните апликации има достапни известувања преку мала точка во горниот десен агол, но за разлика од iOS нема да се наведува нивниот број. Потоа корисниците ќе можат да притискаат икони за да ги видат известувањата и комуницирате со нив. Во платформата ќе биде интегрирана и функцијата од Chrome за синхронизација на лозинки и лични информации кои лесно можат да бидат воведени при пополнување на форми.

Во однос на виталните карактеристики, Android O би требало да го забрза лансирањето на телефоните, а освен тоа и апликациите ќе се отвораат побрзо и ќе работат непречено и стабилно. Google наведува дека се направени бројни системски оптимизации и се воведуваат нови ограничувања за користените ресурси од апликациите во позадина кои ќе ја намалат потрошувачката на енергија и ќе го продолжат животниот век на батеријата. Програмерите исто така ќе имаат пристап до повеќе алатки кои ќе им овозможат да се откријат вообичаени проблеми во нивната примена.

Google Play Protect ќе се грижи за безбедноста на Android. Услугата ќе биде вградена во сите уреди со Google Play, ќе се ажурира постојано и автоматски ќе реагира на сомнителни апликации и страници.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium