НАТО предупреди дека сајбер нападите со вируси од типот на WannaCry и Petya можат да го активираат член 5 од Северноатлантскиот договор, кој предвидува воена офанзива кон иницијаторите на слични напади врз која и да е земја членка на Пактот.

Постојат знаци дека и двата вируси од типот рансомвер (вируси изнудвачи) се создадени од државно спонзорирани хакери, тврдат НАТО. Ако сајбер-нападот причини последици, споредливи со вооружен напад, членовите на Алијансата може да го применат законот за вооружени конфликти.

- Ова се уште не е така - вели Томаш Минарик од Центарот за сајбер одбрана на НАТО во Естонија, иако изјавата на организацијата очигледно е предупредување кон влади, кои би можеле да учествуваат во слични напади со рансомвер.

- Бидејќи беа нападнати важни владини системи, ако зад операциите стои конкретна држава, тоа може да се смета за нарушување на суверенитетот. Во овој случај сајбер-нападот ќе се толкува како бесправна меѓународна акција и засегнатите страни ќе имаат право да реагираат со контрамерки - изјави недвосмислено Минарик.

Според претставници на НАТО, има докази дека WannaCry и Petya се активирани од државен субјект, кој го подобрил значително „експлоитот“, за да се добие нов тип сајбер напад.

- Малициозниот софтвер стана професионален и наместо да го скенира целиот интернет, бара намерно нови домаќини и ги инфицира подлабоко локалните компјутерските мрежи, откако ќе биде откриена дупка во безбедноста, тврди Бернардс Блумберг, истражувач од Центарот за сајбер-одбрана на НАТО.

Да потстетеме, WannaCry и Petya заразија илјадници компјутери. Напади со нив беа насочени кон владини организации и приватни компании од целиот свет. Се смета дека Украина е една од најголемите жртви на Petya, со многу засегнати системи, вкл. на нуклеарната централа во Чернобил.

skopskaLinijabanerMilenium

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа