Гигантот Google откри повеќе детали за новата верзија на мобилната платформа Android 8.0. Таа ќе го носи името Oreo и се очекува во третиот квартал на 2017 година.

Развојот на Android 8.0 започна претходно оваа пролет, кога излезе и првото Developer Preview (DP) издание, а подоцна се појави и второ DP со повеќе детали за новата платформа.

Минатиот месец Google објави трета Developer Preview верзија за уредите Nexus 5X, Nexus 6P, Nexus Player, Pixel C, Pixel и Pixel XL, со финални API и официјален Android 8.0 SDK. Сега е на ред четвртото DP издание, а подоцна овој месец се очекува речиси завршена верзија за финално тестирање.

Google потврди дека финалната верзија на Android 8.0 ќе биде готова во третиот квартал на годината, најнапред за одредени уреди како Google Pixel и Google Pixel XL, Nexus 5X и Nexus 6P. Таблетот Pixel C и медиа плеерот Nexus Player со Android TV исто така ќе добијат ажурирања Android 8.0 под името Oreo.

На сајтот на Android O Developer Preview го нема точниот датум на пуштање на Android 8.0, но најверојатно тоа ќе се случи во август годинава. Се очекува Android 8.0 Oreo да понуди возбудлив спектар на нови карактеристики, како поддршка на „слика во слика“ (PiP) и автоматско пополнување на форми, подобрен систем за известувања и сл...

zeljko-samardzic-ohrid

milenium-baner