Компанијата Facebook доби итна наредба да го сопре користењето на вештачки интелект, откако тој престанал да ги следи правилата и започнал да ги заобиколува, објавија американските медиуми.

Системот заклучил дека англискиот јазик е премногу тромав и неефикасен и почнал да комуницира со одделните свои делови, барајќи нов метод на комуникација и разгледувајќи кој е најдобар.

Информациите доаѓаат само неколку дена откако претприемачот Елон Муск предупреди дека вештачкиот интелект е најголемата закана пред човештвото , а подоцна основачот на Facebook, Марк Зукерберг ги оспори неговите тврдења и изјави дека е оптимист. Во одговор, Муск ги нарече знаењата на колегата во областа „ограничени“.

Делумно следејќи го концептот на „нов говор“ (Newspeak) од антиутопијата на Џорџ Орвел „1984“, вештачкиот интелект донел одлука дека може да исфрли делови од јазикот кои ги смета за неефикасни и непотребни. Застрашувачки во случајот е дека системите успеале да излезат од однапред програмиран круг и да земаат самостојно неочекувани решенија – токму за такво сценарио предупредуваше Муск.

ВИ се користи во чат апликацијата Messenger и е дел од новиот тренд за автоматизирање при кое ботови одговараат на корисници. Во овој случај софтверски инженери решиле да пуштат два такви ботови да зборуваат еден со друг. Сосема наскоро „Боб“ и „Алис“ почнале да измислуваат свој сопствен јазик.

Ова не е прв ваков случај. На пример претходно оваа година стана јасно дека вештачкиот интелект на Google може да преведува помеѓу
различни јазици, иако не е научен и програмиран експлицитно за такво нешто.

На пример – ако може да преведува од англиски на француски и од германски на шпански, тој сам може да почне да преведува од англиски на шпански, користејќи свој измислен јазик за „бафер“.

zj 300x250-min

mileniumbanner21

  • 30 дена
  • 7 дена
  • 24 часа