Vip

За сите оние кои бараат начин подобро да ги контролираат фајловите на Android уредите, Google лансираше апликација која би можела да им помогне во тоа.

„Files Go” е апликација од кујната на Google која им овозможува на корисниците на Андроид на полесен начин да го ослободат просторот на своите уреди и да ги споделат содржините со другите корисници, дури и кога не се поврзани на интернет.

Ова е една од апликациите кои се креирани во рамки на понудата Google Oreo 8.1 (Go edition) која претставува едноставна верзија на Андроид, наменета за уредите со послаби перформанси кои се дистрибуираат по пристапни цени.

Апликацијата ќе им биде од корист и на оние кои се ослонуваат на другите апликации за организирање на фајлови, а кои често се плаќаат или се оптеретени со реклами.

„Files Go” може да понуди и информации за тоа колку простор може да ослободи корисникот со отстранување на апликации кои не ги користи и други некорисни фајлови.

Доколку во рамки на уредот постои SD картичка, апликацијата би може да испрати одредени содржини на неа и со тоа да овозможи поголем простор за складирање. Една од интересните опции е и можноста за споделување на фајлови кога уредот не е поврзан со интернет, со пренос преку Bluetooth.

banerIscelitelMilenium

banerMasaMedo

AcaLukasIRadmila