Компанијата за видео игри „Nintendo“ создаде одлични наслови во текот на годините во полето на виртуелните забавни игри. 

„The Legend of Zelda: Ocarina of Time“ пример е играта со највисок рејтинг за сите времиња според „Metacritic“. А откако во 2017 година ја претстави новата конзола – „Switch“, компанијата продолжува да се претставува прекрасно, пласирајќи на пазарот неколку брилијантни и одлично прифатени игри.

Според податоците на „Metacritic“ – сајт кој ги собира сите проценки на критичари и корисници – двете водечки игри за „Switch“ – „Super Mario Odyssey“ и „The Legend of Zelda: Breath of the Wild“ убедливо водат пред другите во рангирањето за најдобрите игри за 2017 година со резултат 97 од 100 поени.

„Mario“ сепак го зазема првото место на листата на „Statista“ поради повисоката оценка на корисниците: 9,0 наспроти 8,4 поени од критичарите. Колку добра е една игра, а и воопшто секој вид на забава, се разбира е доста субјективно.

Меѓу другите игри кои добиле одлични оценки во сајтот се уште „Persona 5“ и „Divinity: Original Sin II“, како и уште една игра за „Mario“ – „Kart 8 Deluxe“.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium