Компанијата „Microsoft“ привремено ги суспендираше надградбите на „Windows“ против баговите „Spectre“ и „Meltdown“ за компјутери со AMD процесори откако некои од машините станале целосно неупотребливи и воопшто не можеле да го вчитаат оперативниот систем.

Засега, се знае дека проблемот се однесува на постарите „AMD“ чипови од серијата „Athlon“ и „Sempron“ но не е познато што го предизвикува проблемот.

Според „Microsoft“, проблемот произлегува од погрешната документација поднесена од „AMD“, која беше користена за да се состават надградбите.

Во меѓувреме, „AMD“ потврди дека се свесни за проблемот што влијае на некои од неговите постари процесори и веќе работи со „Microsoft“ за да го отстрани, надевајќи се дека ажурирањето ќе биде обновено наскоро.

banerIscelitelMilenium