Сопствениците на мобилни уреди од Apple најдоцна до месец март ќе ја добијат надградбата 11.3, која носи три интересни новитети.

Apple на програмерите штотуку им ја издаде бета верзијата на новата надградба за iOS – верзија 11.3. Според нивните зборови, оваа верзија на оперативниот систем за производи од Apple донесува низа нови функции.

Првата работа која ќе ги воодушеви сите е конечната поправка за автоматизираното забавување на системот поради што Apple беше константно критикуван. Нивното решение, имено, намерно го забавуваше системот за да може истиот да функционира на постарите батерии. Според зборовите на авторите,таа функција служи да спречи непосакувани замрзнувања и рестартирања на оперативниот систем.

Ова значи дека доколку инсталирате iOS-11.3 на „ајфон 6“ или некоја друга понова верзија на уредот, ќе можете да видите детални информации за батеријата во точките од менито, но исто така ќе можете и да го исклучите автоматското забавување на системот. Apple нагласува дека исклучувањето на оваа функција не се препорачува, со оглед што може да предизвика чудно однесување на апаратот.

Вториот новитет во 11.3 е таканаречениот „Бизнис чет“ кој им овозможува на корисниците директно да праќаат пораки до службите за корисници на разни компании, да договараат состаноци или да плаќаат услуги преку Apple Pay. Компанијата ги најави овие додатоци на минатогодишниот WWDC, а моментално ги тестира со помош на Lowe`s, Discover, Hilton и Wells Fargo.

За крај тука е и подобрената Health апликација што ќе ви овозможи да го гледате сопствениот здравствен картон доколку ја поддржува здравствената установа што сте ја посетиле. Ова се однесува и на резултатите добиени од лабораторија, препишаната терапија и здравствени совети. Сите овие податоци корисниците ќе можат да ги заштитат со лозинка.

banerIscelitelMilenium