Илјадници веб страници кои што им припаѓале на државните институции во САД и Велика Британија биле заразени со софтвер за копање на криптовалути.

Имено, анализата на Аваст антивирусот покажала дека 4200 страници биле заразени со малициозна верзија на софтвер кој што инаку им помага на слепите или лицата со оштетен вид полесно да се снаоѓаат на интернет страниците.

Хакерите кои што ги заразиле интернет страниците со овој софтвер, успеале за само неколку часа да изрударат голема количина на криптовалутата “Monero”.

Иако “Monero” не е толку вредна криптовалута како што е на пример “Bitcoin”, сепак 235 долари по „парче“ е солиден почеток. Колку точно “Monero” криптовалути успеале хакерите да изрударат за само неколку часа колку што било потребно да се открие постоењето на малициозниот код и да се оневозможи неговото функционирање, засега не е познато.

Повеќето од зафатените интернет страници во САД и Велика Британија, потешкотиите во пристапот на корисниците им ги објасниле дека се случуваат поради редовно одржување на страниците.

Компанијата која што го развил софтверот за слепи и лица со оштетен вид потврдила дека е свесна за проблемот и поради тоа, го деактивирале софтверот на сите сомнителни интернет страници.

anaNikolic

misoKovac

banerIscelitelMilenium